Advertisements
Филм / ТВ

Прв трејлер за новото продолжение на „Rambo“ – прилично жестоки сцени

Конечно за јавноста е достапно првото најавно видео за најновото и (како што тврдат авторите) последно продолжение на акционата франшиза „Rambo“.

Forbes пишува дека ова петто продолжение го прикажува Рамбо како американски ранчер, а кога ќе исчезне ќерката на неговиот пријател, Рамбо се фрла во пресметка со мексиканските картели.

„Last Blood“ го режираше Адријан Грунберг, а на сценариото работеа Силвестер Сталоне и Мет Сирулник.

Филмот во кината пристигнува во септември, оваа година, речиси 12 години после четвртото продолжение од оваа популарна франшиза од 2008 година. Сталоне за прв пат го оживеа на филмското платно ликот на Џон Рамбо во 1982 година, во филмот „First Blood“.

Advertisements
To Top