Прв трејлер за најавениот филмски хит „Spider-man: Far from home“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Питер Паркер се враќа во „Spider-man: Far from home“, следното поглавје од франшизата за овој суперхерој.

Суперхеројот одлучува да им се придружи на неговите најдобри пријатели Нед, ЕмЏеј и остатокот од екипата на одмор во Европа.

Но, планот на Питер да ги остави на страна суперхеројските моќи на неколку недели набрзо ќе отпадне како опција, кога тој ќе се согласи да му помогне на Ник Фари да ја разоткрие мистеријата на неколку напади од нечовечки суштества кои предизвикуваат хаос на континентот.