Прв трејлер за филмот Beguiled од Софија Копола


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дистрибутерската куќа Una Films го претстави трејлерот за филмот Beguiled кој е најново дело на режисерката Софија Копола.

Во главните улоги на ова дело од ќерката на славниот режисер Френсис Форд Копола се појавуваат Колин Фарел, Никол Кидман, Кирстен Данст, Ела Фанинг и Ема Хауард.

Дејството е адаптација на истоимениот роман од Томас Калинан, а се случува во една женска школа во државата Вирџинија, 1864 година.

Додека Граѓанската војна е во ек, богословијата за млади девојки од госпоѓа Марта Фарнсворт е заштитена од надворешниот свет, сè додека еден ден не пронајдат ранет војник од Унијата и не го доведат дома.