Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Атлетската федерација на Македонија го обезбеди првиот тест натпревар во 2019 година за поширок список на атлетичари кои престојниов викенд на 12 Јануари 2019 година земаа учество на Меѓународен атлетски митинг во сала „Академик“ ,кој се одржи во Софија/ Бугарија во атлетската арена „Асикс“ , во силна конкуренција од преку 220 учесници од регионот , нашите атлетичари покажаа исклучителна форма и дека во престојната 2019 сезона ќе бидат силни конкуренти за освојување на медали на Балканските првенства , доказ за тоа сетрите освоени медали.
Во машка конкуренција најдобри беа Дарио Ивановски во дисциплината 3000 метри со време 8:26.79 освојуваќи 1во место и Јован Стојоски кој беше единствен атлетичар на митингот кој истрча по 50 секунди на 400м освојуваќи го првото место со време 49.53 и Александар Стојановски кој го освои 3тото место во дисциплината 800м со време 1.57.29 .Кај девојќите најуспешна беше Анеса Хајдари која го освои 4тото место во дисциплината 800м со време 2.20.89 .
Останати позначајни резултати кои ги постигнаа нашите атлетичари се 4тото место на Милан Вељковиќ кој во дисциплината 60м со пречки го освои 4тото место со време 8.66 и на 60м со време 7.50 , додека најбрз наш атлетичар на 60м беше Адријан Исмаили кој за 7.44 ја истрча најкратката делница од 60 метри .
Следен тест за Македонските атлетичари кои во моментов се наоѓаат на подготовки во Софија е Националното превнество на Бугарија во сала , кое ќе се одржи на 19 и 20 Јануари 2019 г. во Софија, додека нашите најдобри млади сениори Дарио Ивановски и Катерина Тимчевска ќе настапат во дисциплините 1500м и 400м на Медитеранските игри за млади сениори кои ќе се одржат на 19ти Јануари во Мирамас / Марсеј , Франција .