Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватска го потврди првиот случај на флурона во земјата, ситуација коаг еден пациент има грип и коронавирус одеднаш, пренесуваат хрватските медиуми.
– Не е непознато дека е можно да се заразиме со повеќе патогени одеднаш. Треба да видиме каква ќе биде клиничката слика во случаите на т.н. флурона – рече Јасмина Вранеш, раководителка на Одделот за клиничка микробиологија на Националниот институт за јавно здравје од Хрватска, која потврди дека на една пациентка вчера ѝ биле дијагностицирани двата вируса – грип и коронавирус.
Епидемиологот Дијана Мајер ги опиша симптомите на грип и коронавирус и додава дека се совпаѓаат и тешко се разликуваат.
– Грипот има потешки симптоми, се појавуваат побрзо – температурата е 39 степени и има болки во мускулите. Со ковид-19 симптомите се поблаги и болеста постепено напредува. Двете комбинации зависат од поединецот, статусот на вакцинацијата и коморбидитетите. Не е исто дали помлад или постар ќе добие. Во секој случај, вакцинацијата и против грип и против ковид-19 се препорачува, а не е задолжителна – вели Мајер.
Според Светската здравствена организација, симптомите на грип и на ковид варираат од човек до човек, но постои група исти симптоми. Тие се: губење вкус и мирис, треска и кашлица, отежнато дишење, губење апетит, постојана болка во градите.
СЗО вели дека благите симптоми на флурона може да се лекуваат дома и дека нема потреба од хоспитализација. Сепак, постојат потешки симптоми на флурона, кои може да вклучуваат пневмонија, миокардитис и воспаление на срцевиот мускул.