Прв случај досега: Планета со „сина аура“ скита низ вселената без своја ѕвезда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Голема „црвена“ планета со појава на „сина аура“ осамена скита низ вселенскиот простор, надвор од нашиот Сончев систем, 20 светлосни години оддалечена од Земјата. Она што ја прави посебно ретка и уникатна е фактот дека таа не е поврзана за ниту една ѕвезда, што е прв таков случај откриен со радиотелескоп од Земјата.

Планетата има мистериозна аурора и е 12 пати поголема од Јупитер. И нејзината маса и силното магнетско поле ги збунуваат научниците што имаат познавања за многубројни астрономски објекти од длабочината на вселената.

„Таа планета е на границата меѓу планета, кафеаво џуџе и падната ѕвезда и ни нуди изненадувачки сознанија кои би можеле да ни помогнат да ги разбереме магнетските процеси кај ѕвездите и планетите“, објаснува д-р Мелоди Као, астроном од Универзитетот во Аризона.

Анализите на истражувачкиот тим покажале дека магнетното поле на таа планета е исклучително силно – околу 200 пати посилно во споредба со тоа на Јупитер, и со тоа би можело да се објасни нејзината вонредно силна аурора.

Научниците чиј труд за оваа планета е објавен во списанието „The Astrophysical Journal“ велат дека нивната студија покажува дека радиобрановите од аурората на оваа планета би можеле да помогнат во откривањето нови планети надвор од Сончевиот Систем.