Прв поглед на импресивниот концепт „Genesis Mint“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Genesis Mint е новиот концепт на корејскиот автомобилски производител Genesis кој беше најавен како големо изненадување.

„Во автоиндустријата концептите обично немаат долг век . Ние така не постапуваме и натаму го развиваме концептот што го претставивме минатата година. Веројатно наскоро ќе излеземе со новините што ги направивме во меѓувреме“, изјави првиот човек на Џенезис , Манфред Фицџералд.

Минатата година беше претставен концептот Essentia од истиот производител кој беше промовиран во Њујорк .

Станува збор за луксузно ГТ купе на електричен погон и со карбонски дел , што лани ги доби титулите за најдобар дизајн за 2018.

Годинава Genesis го претсатви концептот Mint , многу поскромен, кој Фицџералд сака да го види во салоните.

„Ќе се борам овој концепт да влезе во сериско производство и тоа во облик каков што е сега” , вели Фицџералд.