Филм / ТВ

Прв пат после 30 години доделувањето на Оскарите нема да има водител

Овогодинешното доделување на најпрестижните филмски награди требаше да го води комичарот Кевин Харт, но тој се откажа од тоа поради аферата со хомофобните твитови.

„Одлучив да не го водам овогодинешното доделување на Оскарите“, напиша тој во петокот на Твитер. „Искрено се извинувам на LGBTQ заедницата поради моите бесчувствителни зборови во минатото“, додаде Харт во декември.

Меѓу 2009 и 2011 година Харт објави неколку хомофобни твитови, а кога Академијата го замоли да се изивни, тој одби да го направи тоа, па потоа се откажа од водителската улога за Оскарите.

„Одлучив да го прескокнам извинувањето. Причината е затоа што веќе неколку пати одговорив на то“, објасни Харт тогаш.

91. доделување на Оскарите ќе се одржи на 24 јануари, а Variety пренесува дека организаторите одлучија оваа година церемонијата да помине без водител. Наместо еден главен водител на вечерта, истата ќе се води од низа познати презентери кои ќе изведуваа скечови, па дури и музички точки и ќе ги делат наградите, како и досега.

Најпопуларно

To Top