Прв пат по еден век жителите на САД ќе гледаат ретко затемнување на Сонцето


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првпат, по речиси еден век, САД се подготвуваат за затемнување на Сонцето кое ќе се гледа од едниот до другиот брег на земјата, еден редок природен настан кои милиони Американци, со големо внимание ќе можат да го набљудуваат.

За време на затемнувањето на 21 август, прво од ваков обем по 1918 година, Месечината ќе помине помеѓу Сонцето и Земјата, фрлајќи голема сенка и озвоможувајќи нормално да се види опскурната сончева атмосфера, или сончева корона, како и светлите ѕвезди и планети.

Оние кои ќе набљудуваат ќе можат да ја видат 70 милји широката сенка на месечината од Орегон за запад до Јужна Каролина на исток, во тек на два часа преку ден, а две минути од целосното затменување ќе може да се види во 14 држави.

Скоро 12 милиони Американци живеат во овој потег од земјата, додека околу една третина од населението во земјата живеат во областа во досег на еднодневно возење со автомобил, вели Мартин Ноп од Министерството за транспорт.

САД ќе бидат единствената земја која ќе може да го забележи целоснотоо затемнување на Сонцето, и се очекува посетители од целиот свет да дојдат да го гледаат овој редок феномен.

Еден вселенски брод, летало на НАСА, повеќе од 50 балони кои ќе летаат на големи висини и астронаутите во Меѓународната вселенска станица ќе го снимаат настанот.

– Никогаш порано ваков голем вселенски настан не бил набљудуван и истражуван од толку многу клучни точки, од вселената, од воздух и од земја, рече Томас Цурбухен, администратор во Директоратот за научни мисии при НАСА во Вашингтон.

Целосната еклипса на Сонцето не се појавила над толку многу региони во САД уште од 1979 година. Ќе се случи уште една во 2024 година, која ќе покрие региони на земјата од Тексас до Мејн.

НАСА ќе врши директен пренос од овој космички настан, а се очекува организирани групи на набљудувачи да се соберат по паркови, во библиотеки и на стадиони низ целата земја.

На континенталните региони во САД кои се надвор од целосното затемнување ќе може да се гледа делумно затемнување на сонцето, вели Рик Фејнберг, портпарол на Американското астрономско друштво.

НАСА строго предупредува против директното гледање (со голи очи) во Сонцето надвор од прозорецот на целосното затемнување.

Единствениот метод безбедно да се набљудува делумното затемнување е со специјални очила – обичните очила за сонце не се доволна заштита, велат од американската вселенска агенција.

И според Финберг, дури и 99 процентно делумно затемнување не е толку возбудливо како целосното затемнување на сонцето.

– Тоа е буквално како разликата меѓу ден и ноќ, рече тој. „Да не се доживее целосното затемнување на Сонцето е како да го поминете животот без никогаш да се вљубите“.