Прв пат од макeдонската независност Грција назначи официјален амбасадор во земјава


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма од страна на Димитрис Јанакакис, кој од грчкото министерство за надворешни работи беше унапреден во вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Грција во Македонија, пренесува Мета.

Јанакакис од 2016 година беше шеф на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, а со овој чин тој станува официјален дипломатски претставник, според Преспанскиот договор.

„Изразувајќи задоволство од отворањето на ново поглавје во односите меѓу двете држави со значителен потенцијал за нивно натамошно збогатување и унапредување, претседателот Пендаровски истакна дека овој чекор се должи, пред сè, на посветеноста на двете држави кон градењето добрососедска политика заснована врз принципите на меѓусебна доверба и транспарентност“, се вели во соопштението од Кабинетот на шефот на државата.

Претседателот Пендаровски изразил очекување дека фокусот на понатамошната соработка ќе биде во унапредувањето на, веќе, добрата економска состојба.