Прв грен-слем за новата тениска ѕвезда: Алкараз го освои УС Опен и стана нов светски рекет број еден


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот тениски ас во подем Карлос Алкараз го освои последниот тениски Грен слем турнир во сезоната, популарниот УС Опен. Тој во финалето го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 6:4, 2:6, 7:6 (1), 6:3.

За Алкараз ова е прва Грен слем титула во кариерата, а со оваа победа стана и првиот тенисер во светот. Со 19 години и четири месеци, Карлос стана најмладиот светски рекет број еден. Досега тој рекорд го држеше Австралиецот Лејтон Хјуит, кој во 2001 година до првата позиција на АТП листата стигна со 20 години и 9 месеци.

Со оваа победа, Алкараз стана и вториот најмлад победник на УС Опен по Пит Сампрас, кој го подигна трофејот во 1990 година со само 19 години и 28 дена. Најмладиот победник на Грен слем турнир во опен ерата е Американецот Мајкл Чанг, кој го освои Ролан Гарос во 1980 година на возраст од 17 години и 110 дена.