Прв европски тренер во НБА: Кокошков нов тренер на Феникс Санс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Србскиот кошаркарски стратег Игор Кокошков од следната сезона ќе биде прв тренер на Феникс Санс, пренесуваат амеранските медиуми.

Со тоа Кокошков ќе испише историја во НБА лигата, бидејќи ќе биде првиот Европеец, кој ќе биде главен тренер на тим од најсилната лига во светот.

Кокошков ќе се врати кај „сонцата”, каде што беше асистент од 2008 до 2013 година, веднаш по завршувањето на сезоната.

„Ние сме воодушевени што Кокошков се враќа кај нас. Тој ни носи искуство, тој отсекогаш бил посветен на развојот на играчите и инсистира на креативност“, изјави генералниот менаџер на Феникс, Рајан Мекдонахју.

Кокошков има богато искуство во НБА лигата, каде работеше како асистент во тимовите на ЛА Клиперс, Кливленд, Орландо, Детроит и Јута.

Тој освои и шампионски прстен со тимот на Детроит, а во 2017 година и го донесе на Словенија златото од Евробаскетот.