„Прв до врв“ кани: Ајде сите за Свети Трифун на Водно


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Февруарскиот месечник на Прв до врв е закажан за во недела на 12 февруари, а тематски е посветен на виното и празникот Св.Трифун и ќе се состои од групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно, како и заедничко дружење на групата на врвот на планината.

Стартот е закажан за 9 часот наутро пред основното училиште Кочо Рацин, а потоа околу 11 часот е предвиден делот за дружење и традиционално одбележување на празникот со македонско вино од винаријата Стоби, на врвот на Водно кај планинарскиот дом.

Во настанот традиционално учествуваат планинари, велосипедисти, спортисти, рекреативци, а поканети се сите граѓани да земат учество и да го поминат денот во здрава рекреација на Водно. Целта и на овој месечник во серијата месечни настани во организација на Прв до врв, е  да се “мобилизираат” што повеќе граѓани да учествуваат во заеднички и масовен тренинг и рекреација со искачување на Водно.

Овој настан нема натпреварувачки карактер, додека трките во планинско трчање, планински и друмски велосипедизам се закажани на главниот натпреварувачки ПРВ ДО ВРВ на 21 мај, за кој пријавувањето е во тек преку веб страната www.prvdovrv.mk.

Настанот е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв.