Прстенот за „Вијагра“, наметката, машината за пишување – оставштината од Хефнер продадена на аукција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Златниот прстен од починатиот основач на фамозниот „Playboy“, славниот Хју Хефнер, во кој тој чувал апчиња „Вијагра“ на аукциско наддавање кое беше организирано во Лос Анџелес достигна продажна цена од 22.400 долари.

Неговиот заштитен знак, црвената наметка, достигна цена од 41.600 долари, но највисока продажна аукциска цена од 162.500 долари достигна машината за пишување, на која Хефнер го пишувал првото издание на „Playboy“ во 1953 година. Неговиот личен примерок од првиот број, со Мерилин Монро на насловната страница, е купен за 31.250 долари.

Playboy founder Hugh Hefner’s typewriter from Hugh Hefner collection going up for sale as part of an auction of his belongings is seen in this image released by Julien’s Auctions in Culver City, California, U.S., October 11, 2018. Courtesy Julien’s Auctions/Handout via REUTERS

Целиот комплет списанијата за возрасни, од 1953 до 2013 година, се продаде за 76.800 долари, а неговата бела морнарска капа за 19.200 долари.