Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
71-годишен Германец од Ахен премногу сериозно го сфатил правилото за физичко растојание па минувачите ги прскал со спреј-солзавец за самоодбрана, стои во извештајот од германската полиција.
Прво испрскал група џогери, а потоа и двајца велосипедисти во западниот град Ахен, се вели во полициското соопштение, додавајќи дека нападите биле извршени „без предупредување“.
Велосипедистите, брачна двојка на возраст од 51 до 49 години, успеале да го избегнат спрејот и застанале да повикаат полиција.
Човекот ѝ рекол на полицијата дека немало друг начин да им покаже на другите да се придржуваат до воспоставените мерки со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Тој е обвинет за предизвикување сериозни повреди и опасно попречување на сообраќајот.
Ахен е еден од главните урбани центри во Германија, кој во моментов е класифициран како област со висок ризик поради високата стапка на зараза.