Прпадниците на Лев Тахор: „Има голема омраза кон нас, Не сакаме никому да наштетиме, но се плашиме од заканите“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Припадниците на Лев Тахор кои моментално се наоѓаат во Македонија ги отфрлаат како лаги и шпекулации тврдењата за нивните активности во местата каде привремено престојуваат.

„Се што сакаме е да се засолниме и да најдеме покрив над главата, да имаме храна “ – Вели Хаи Вајнгарден, член на еврејската верска група „Лев Тахор“ која по неколку лоши искуства ширум земјава, застана пред медиумите да ја каже својата приказна. Вели негативните мислења за нив се базираат врз озборувања на социјалните мрежи и предрасудите за нивниот изглед..

Ги отфрлаат како лаги и шпекулации тврдењата за нивните активности во местата каде привремено престојуваат и сметаат дека непотребно се создава омраза против нив.

-Не фрлаат од едно на друго место и оневзможено ни е да преживуваме и цело време се обидуваме да најдеме место каде што би се засолниле и да имаме кров над глава, место каде што можеме да готвиме и да јадеме. Прво, доволно е тешко да се грижиме и за нашите деца додека патуваме и зошто би имале, барем една причина да киднапираме туѓи деца ако имаме наши, вели Хаи Вајнгарден – „Лев тахор“.

Од Лев Тахор велат дека во земјава се дојдени туристички за да посетата некои еврејски објекти и немаат планови да бараат постојан престој, и немаат намера да останат повеќе од еден месец…

Во моментов тие се сместени во хотел во охридско Лакочереј, а сопственикот тврди дека нема никакви проблеми со гостите.

-Мојата ќерка е дојдена од Америка на три недели со дете од година и два месеци и спиеме во соба до нив, моето дете е пред се и поважно од сите, ама тука јас не гледам никаков проблем, не гледам никакво насилство, баш спротивно, луѓето се исплашени од нас.

Сепак, нетрпеливоста кон групата се уште постои кај дел од тамошните жители.. за дел пак, тие се добредојдени..

-Таа група ја бие лош глас, ние групава не можеме да ја осудиме пред време, само бараме да ја дислоцираат. /Додека се тука, апелирам до сите мои сограѓани уште еднаш, со љубов и со хуманост да ги пречекаме, вели Илче Насотски – жител на Лакочереј.

За третманот во Куманово и Скопје на групата, случај отвори комисијата против дискриминација, а МВР вчера поднесе и кривична пријава против охриѓанка која преку социјалните мрежи повика да се запали хотелот во кој се сместени.