Proximity Dress, комбинација од роботика и моден дизајн – фустан со кој жените лесно можат да одржуваат физичка дистанца


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Факт е дека минатата и оваа година физичкото дистанцирање стана нова реалност во која живееме, понекогаш  фрустрирачки, а не така ретко и опасно, доколку другите не го почитуваат тоа правило.

Но, заштитата на личниот простор за многумина беше секојдневна работа и пред пандемијата, особено за припадничките на понежниот пол. Токму поради овие причини, холандската дизајнерка Анук Випрехт, создаде футуристички фустан што се шири кога некој е премногу навлезен во вашиот личен простор.

Фустанот е наречен „Проксимити Дрес“, има термо-сензор на јаката што се активира кога некој е преблизу до вас, по што фустанот се шири настрана, благодарение на механизмот кој се наоѓа во пределот на колковите. Бидејќи фустанот е направен од меки материјали, оваа бариера помеѓу вас и луѓето околу вас нема да ги повреди, туку само ќе им даде до знаење дека треба да стојат малку подалеку.

Сензорот на фустанот не испушта несакани звуци при активирањето. Како и материјалот на фустанот, така и тој е направен со помош на 3Д печатач.

Овој фустан сè уште не е излезен во продажба, но неговата креаторка го носеше во Мајами, минатата година, сред пандемија и тврди дека фустанот ја завршил онаа работа за која е дизајниран.