Проверете дали вашето дете има добра моторика!

dete karikatura

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Добро развиената моторика е многу важна за функционирањето на детето. Со неа детето самостојно држи лажица, се храни, се закопчува и откопчува, држи пенкало, пишува и многу други активности. Развојот на моториката влијае и врз развојот на мислењето и социјалните вештини.

Но, се прашуваме што треба детето на одредена возраст да знае?

На 2 години:

  • Да најде играчка според слика која му ја покажуваме;
  • Познава 5-6 слики на познати предмети – животни;
  • Препознава 5-6 делови на телото;
  • Ги препознава на слика или на кукла истите делови на телото.

На 3 години:

  • Да прецрта затворен круг;
  • Да изгради мост од три коцки;
  • Го знае своето име и пол;
  • Знае да облечи нешто од своите алишта и чевли;
  • Ја користи заменката јас и множина.

На 4 години:

  • Прецртува квадрат
  • Прави квадрат од 4 коцки
  • Точно именува 2 основни бои
  • Познава 10 професии
  • Се облекува само, закопчува копчиња
  • Зборува во потполни реченици

На 5 години:

  • Црта точно квадрат и триаголник
  • Црта човечки лик – полноглавец
  • Одбројува 4 коцки
  • Разликува утро – вечер
  • Раскажува кратки приказни, рецитира песни

На 6 години:

  • Само прецртува ромб и крст
  • Конструира скали од 10 коцки
  • Само црта човечки лик – шематски лик
  • Игра друштвени игри
  • Раскажува приказна