Провалил во куќа и ги олеснил за 20.000 евра и 140.000 денари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера во периодот од 00.30 до 6 часот во село Боговиње, во куќа сопственост на Џ.А. (51), непознат сторител извршил тешка кражба.

Крадецот, велат од полицијата, со погоден предмет го скршил цилиндерот од влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување  и од салонот  одзел  една јакна во која имало 20.000 евра во разни апоени, еден пар панталони во кој имало 20.000 денари во разни апоени, како и лични документи и една ташна во која имало 120.000 денари во разни апоени.

Откако го извршил делото сторителот избегал во непознат правец. Увид на местото на настанот  извршила увидна екипа на тетовската полиција и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.