Проценка на Зеленски: Одбраната од Русија месечно не чини околу 5 милијарди долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Украинскиот претседател Володимир Зеленски проценува дека одбраната од руската инвазија Украина месечно ја чини околу 5 милијарди американски долари.

„Ова е војна за правото на диктирање на условите во Европа. Војна која ќе одреди како ќе изгледа идниот светски поредок“, кажа Зеленски во виртуелното обраќање до НАТО на самитот во Мадрид.

Тој ги повика лидерите на НАТО на Украина да ѝ испраќаат уште повеќе оружје и пари и со санкции „да ја спречат способноста на Русија да ја финансира војната“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес повтори дека „Украина може да смета на поддршката на Алијансата колку и да е тоа потребно“.