Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во рамки на денешното рочиште во Кривичниот скопски суд за случајот за изборните нерегуларности „Титаник“ кој го води СЈО, започна преслушувањето на „бомбите“ поврзани со овој случај.
Судот одлучи да бидат пуштени сите бомби во присуство на јавноста, освен 7 кои се поврзани со приватниот живот на сведоците.
Во една од бомбите кои беа пуштени, Мартин Протоѓер му вели на Миле Јанакиески дека е алармантна состојбата со немање гласачи за да гласаат на изборите во 2011 година и дека се пријавиле едвај 30.
„Планираме по 1000 луѓе од секој континент да се пријават”, вели Протоѓер. „Задолжете ги амбасадорите да одат од врата до врата. Да им ѕвонат на врата бе, нека одат малце”, му вели Протоѓер на Јанакиески.
Во друг разговор Протоѓер на екс министерот за транспорт и врски му вели да им бара и извештај на амбасадорите и конзулите и да посетуваат дневно по 70 куќи.
„Кол центри по амбасадите да има. Нека им вртат на амбасадорите по трипати дневно. Нека им се качат на глава. Нека им кажат сега ќе го информираме премиерот”, вели Протоѓер.