Прото тема тврди: За две години Грција во загуба од 13 милијарди евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во двете години владеење на коалицијата СИРИЗА-Незвисни Грци, граѓаните во оваа земја претрпеле загуби во износ од 13 милијарди евра , а за тоа време примањата на секој даночен обврзник во земјата опаднале просечно по две илјади евра, тврди весникот Прото тема.

Весникот смета дека експериментот со првата левичарска влада во Грција се покажал катастрофален за економијата и општеството, кое забелжливо се вратило назад во споредба со напорите и резултатите постигнати во 2014 година, односно пред доаѓањето на партијата СИРИЗА на власт.

Неколку месеци пред левицата да го преземе кормилото се чинеше дека го достигнавме дното и дека се регистрираа напори за да се отргнеме од него, но продолжи ограбувањето на примањата и тоа ги засегна средните и сиромашните социјални слоеви на населението.

Новите даноци, кастрењето на пензиите и платите на повеќето вработени, доведоа до нов пад на доходите, пишува уште весникот, подвлекувајќи дека во текот на 2016 година 37,4 отсто од Грците биле доведени до прагот на сиромаштијата, додека овој процент во 2014 година изнесувал 21,4 отсто.