Против Сара Џесика Паркер подигната повеќемилионска тужба


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Среде премиерата на нејзиниот нов филм Blue Night, кој се прикажува на филмскиот фестивал Tribeca и промоцијата на новата колекција венчаници SJP х Glit, Сара Џесика Паркер се занимава и со тужба подигната против неа.

Дизајнерката на накит Кет Флоренс ја тужи Паркер затоа што не ја промовирала нејзината линија дијамантски накит за што била платена со милионска сума.

Оваа недела, пред федералниот суд во Њујорк, Флоренс изјави дека Сара Џесика Паркера ја исплатила со 5 милиони долари во рати и плус со 10 насто од продажбата на накит, што вкупно дава сума од 7,5 милиони долари.

Дизајнерката на накит, исто така, изјави дека Паркер почнала да ја промовира колекцијата есента 2016 годна, кога истата прв пат излегла, но дека брзо после почетокот на договорот сета добронамерна соработка престанала.

Наводно, Сара требало да присуствува на промотивен настан за колекцијата, но актерката сè до неговото одржување не им јавила на време кога би можела да присуствува на промоцијата, поради што целиот настан бил откажан.

„Тој датум и времето не одговараа за вечерна промоција на производот која беше планирана и беше дел од договорените обврски. И покрај тоа, обвинетата одбила да понуди алтернативни вечерни термини или датуми“, стои во тужбата на Флоренс.

Флоренс ја тужи Паркер исклучиво поради кршење на договорот, па бара обештетување за трошоците за производство на линијата со Паркер и компензациска штета.