Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Противниците на неонацистичкиот фестивал во источниот германски град Остриц во саботата смислија прилично необичен начин на протест против манифестацијата на ултрадесничарските германски идолопоклоници.
Локалното население го искупи сето пиво од продавниците во местото каде што беше закажан фестивалот, со цел да им ја расипе забавата и „филмот“ на неонацистите кои требаше да се соберат во нивното место.
Таа акција следеше откако полицијата забрани алкохол на фестивалот организиран од и за екстремнодесничарите, „Schild und Schwert Festival“, во хотелот во кој во петокот и саботата се собраа околу 500-600 неонацисти.
Полицијата им заплени на учесниците на фестивалот 4.200 литри пиво во петокот и уште 200 литри во саботата. По улиците на Остриц 300 луѓе мирно маршираа во знак на протест против настанот кој се организираше во нивното место. А локалното население се организираше и искупи од продавниците во околината над 100 гајби пиво.