Протести во Турција против референдумските резултати


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Илјадници луѓе излегоа на улиците во Истанбул и другите турски градови како Анкара и Измир да протестираат против резултатите од референдумот со што претседателот Реџеп Таип Ердоган добива поголеми овластувања.

Тие изразија негодување поради измените на процедурата на гласање и одлуката на Извршната комисија да признае над милион гласови кои немале официјален печат. Ердоган пак оцени дека повеќето од луѓето се задоволни од резултатите на референдумот.

Во меѓувреме во Турција е предложено продолжување ба вонредната состојба за уште три месеци. Таа беше воведена во јули лани по неуспешниот воен удар за кој властите го обвинија муслиманскиот свештеник Ферула Ѓулен кој живее во САД.