Актуелно

Протести на македонската дијаспора против промена на името на Македонија

Македонските иселеници во САД и во неколку други земји вчера и денес протестираат против промена на името на Република Македонија. На собирот под името „Ние сме Македонија“ во центарот на Вашингтон, неколку организации од Њу Џерси, Масачусетс, Њујорк и Вашингтон, побараа од македонската влада прекин на преговорите со Грција и заштита на македонскиот идентитет.

Протестниот марш, кој успешно го организираа здружени и обединети, сите македонски општествени, културни, социјални и црковни здруженија, во Австралија започна пред сиднејскиот Town Hall и течеше низ централните сиднејски улици, се до Martin Place, каде што се одржаа главната, официјална манифестација.

На овој грандиозен настан австралиската химна ја испеја Милица Кипровска, македонската химна ја испеја Благојче Петров, a aбориџанскиот благослов за одржувањето на настанот на австралиско тло го даде, македонскиот зет, абориџанецот Брет Гроган.

Пред присутните говореа: Џошуа Шерман, Жаклина Михајлова, Игор Марковски, Душан Ристески и Крис Каранфиловски. Во обраќањето беше истакнато дека македонските основни човекови права се загрозени и дека не треба и не смее светот да ги затвора очите пред геноцидот врз македонскиот народ кој трае од 1912 година до денес.

Слични собири вчера и денес се одржуваа во неколку градови и во Холандија, Англија, Италија, Чешка, Словенија, Германија и Малта.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top