Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во овие лоши времиња, протестот е најубавата вредност, „Стоп за селективната правда“ „Сме и ќе бидеме секогаш заедно со УЧК“. Со вакви транспаренти на 4 годишнината од терористичките напади во Куманово, 100тина граѓани преку протест побараа правда за осудените лица. Со албански знамиња и картата на голема Албанија пред Кривичниот суд побараа правично судење за нивните роднини и истратија пораки до судиите да не ги игнорираат доказите кои во досегашните постапки беа отфрлени, пренесува ТВ Сител.
Процесот Диво насеље на 16 и 17 мај повторно влегува во судница. На јавна седница Апелација ќе ги разгледува жалбите на сите 33 лица опфатени во предметот, речиси две години по пресудата на првостепениот суд.
Под обвинение за тероризам Кривичен изрече 7 доживотни затворски казни, 13 лица беа осудени на 40 годни затвор, а останатите заработија казни од 20 до 13 години. Правосилноста на оваа пресуда осудени се уште ја чекаат во Истражниот затвор во Шутка и затворот Идиризово.
Во вооружениот напад во кумановско Диво Насеље пред точно 4 години, животот го загубија 8 припадници на македоснките безбедносни сили, а повеќе од 30 беа тешко ранети.
Извор: Сител