Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, вчреа ја прекина седницата пред излагањето на Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, инсистирајќи пратениците што имаат безбедносни сертификати да ги добијат класифицираните материјали поврзани со преговорите за решавање на спорот за името со Грција, што како собраниско тело ги побарале и ги добиле од претседателот Ѓорге Иванов.
Тој изјави дека тие биле многу битни и значајни за надворешната политика и се однесуваат на ставовите на власта и министерот за надворешни работи во врска со преговорите за името со Грција, што е точка на дневниот ред. Димитров, пак, воопшто не знаел за класифицираните документи пред седницата.
Материјалите, како што откри Милошоски, се однесувале на две средби што се одржале во јануари и мај кај претседателот Иванов, а на кои тема биле преговорите за името со Грција.
Милошоски обвини дека претседателот на Собранието, Талат Џафери им забранил на службите да ги достават документите кои веќе биле подготвени. Според него, тоа создава сомнеж оти владата сака да ги скрие информациите.
„Дали е забраната за поделбата на овој материјал затоа што на првата средба во јануари, оваа година се усвоил национален консензус да нема менување на Уставот по однос на решението со Атина. Таквото тврдење го има и министерот Димитров. Или е забраната издадена затоа што на втората средба во мај оваа година е кажано дека Уставот може да се менува како предлог на Владата, само доколку решението биде Илинденска Македонија и за ниеден друг предлог. Во спротивно Македонија ќе се вратела на двојната формула“, рече Милошоски.
Со барањето на шефот на комисијата – на народните избраници кои имаат безбедносен сертификат да им се подели класифициран материјал од лидерските средби според власта, е прекршен Кривичниот законик кој предвидува затворска казна од една до 10 години.
Според пратениците на власта, ова е скандалозен настап и на претседателот на комисијата и на претседателот на државата кој е директно на штета на интересите на државата.
„Милошоски не поседува безбедносен сертификат за државна тајна и поради тоа не може да има пристап до такви информации, поради тоа Милошоски нема право да бара таков извештај од Кабинетот на претседателот не смее да го даде извештајот на пратеникот кој нема безбедносен сертификат.
„Од тие причини против Милошоски и против тој кој го доставил документот ќе поднесеме кривични пријави за одавање државна тајна. Од осамостојувањето на РМ па до денес не се случило вакво флагрантно кршење на законите од страна на избрани функционери посебно не од страна на претседател на држава и претставници на политички партии“, рече потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири.
Од СДСМ најавија кривични пријави за оддавање на државна тајна против претседателот на Комисијата за надворешни работи Антонио Милошоски и Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Според претседателот на Комисијата за надворешни работи, јавноста има право да знае дека шефот на диполматијата често ги менувал ставовите.