Протекоа фотографии кои покажуваат како ќе изгледа евтиниот iPhone на Apple


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Само еден ден не дели од моментот кгоа Apple официјално ќе ги претстави новите iPhone телефони, а благодарение на фотографиите кои се објавени на Твитер, веќе знаеме како најверојатно ќе изгледа најевтиниот iPhone со име iPhone Xc.

Веќе добро познатиот Leaker Ben Geskin на Твитер објави фотографии од модел на iPhone во четири бои, кој доаѓа со 6,1-инчен LCD екран и има ознака „с“ која Apple ја користеше за евтините телефони кои доаѓаат во поголем распон на бои и претставуваат алтернативи на „премиум“ моделите, пишува Mashable.

Секако, уште станува збор за шпекулација, а официјално сè ќе биде познато за еден ден, кога Apple ќе ги открие новите модели. Но, сите знаци и сигнали упатуваат на тоа дека новите модели ќе се појават во повеќе бои, независно од името.