Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ООН најмногу сакаат добра окупација, а тоа за малку ќе и се случеше на Македонија во есента 2015. Протече чуден документ кој открива како, во екот на мигрантската криза, УНХЦР (Канцеларија на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации) се подготвувале да преземат контрола врз ситуацијата доколку македонската влада затаи во справувањето со мигрантскиот бран кој доаѓаше од Грција по т.н. „Балканска рута“ – пишува страницата balkanalysis.com.
Документот, подготвен на 32 страници (го имате прикачен тука), е исход од работниот состанок одржат од 31 август до 2 септември, на кој присуствувале претставници на владата, претставници од министерствата за одбрана, внатрешни работи и труд и социјална политика, плус претставници на релевантни невладини и добротворни организации. Предлогот, кој го проследи до Balkanalysis.com учесник на овој состанок, го потврдува нашето ексклузивно известување од декември 2015 година, дека ОН (Обединетите Нации) се подготвуваат да се населат над 30.000 мигранти во земјата.
Се разбира, ова не се случи, бидејќи Законот за кризни ситуации, активиран од Претседателот на државата, овозможи ефикасен и координиран одговор кој дозволи минимално задржување на мигрантите кои не сакаа да останат во земјата и беа брзо транспортирани со воз до Србија и натаму кон Германија, која во тоа време ги охрабруваше економските мигранти и баратели на азил да го преплават континентот. Последователните потреси од оваа одлука на Ангела Меркел ќе имаат постојани последици за иднината на Европа.
Зошто УНХЦР не успеа да ги постигне целите?
До почетокот на септември 2015 година, Македонија беше веќе цела година во политичка криза и го преживеа албанскиот терористички заговор подготвен на Косово за да ја дестабилизира земјата со цел да се создаде меѓународен протекторат и етничка поделба на Македонија. Овoj заговор беше спречен преку полициска акција на 9-ти мај во која загинаа осум полицајци. Инцидентот предизвика бес кај повеќето Македонци кон партијата на Зоран Заев, тогаш во опозиција. Како и да е, западните сили протуркаа политичко решение во јули 2015-та, таканаречено „Пржински договор“, во кое беше содржано создавање на Специјално Јавно Обвинителство (кое подоцна ќе биде искористено како оружје против лидерите на тогашната владејачка коалиција ВМРО-ДУИ). Договорот предвидуваше одржување на нови избори и создавање на “техничка влада” од 15-ти септември.
Според овој договор, на СДСМ му беа дадени 2 министерства – Внатрешни работи и Труд и социјална политика, како и важни функции во други институции и покрај тоа што тие беа убедливо смачкани на претходните избори во Април 2014-та година. Изборот беше интересен; секоја партија би сакала да ја контролира полицијата, но Министерството за труд и социјала? Тоа би било корисно само во ситуација на… голема мигрантска криза. (Треба да се напомене дека во сите владини состави од 2015-та па досега, СДСМ го раководи ова министерство).
Општата политичка нестабилност го остави само претседателот Ѓорге Иванов во ситуација да носи легитимни одлуки. И доколку тој не го активираше Законот за кризни ситуации тоа лето, планот на УНХЦР лесно ќе бил реализиран со великодушна партиципација на клучните министерства контролирани од социјалдемократите. Но наместо тоа, успешно беше организирана акција за зачувување на Македонскиот суверенитет (во која ОН играа важна, но ограничена улога).
Друг битен елемент е дека соседното Косово од 1999 до 2008 година беше под управа на ОН (сеуште имаат некои активности таму). По ова, нивната мисија беше заменета со мисијата ЕУЛЕКС на Европската Унија. И двете мисии, суштински, беа средства за перење пари, учество во поголеми криминални активности, зајакнување на моќта на локалните мафијашки кланови, поради потребата на меѓународните мировници за дрога и проститутки. Речиси 20 години од учеството на ОН во Косово, земјата е во полоша ситуација отколку во минатото, а повеќето граѓани сакаат да се иселат во Западна Европа. Но, шака луѓе, како домашни така и странци, енормно се збогатија за овој период.
Долготрајната лоша глобална репутација на ОН за зголемување на криминалот, извршување злосторства против човештвото и користењето на кризите за нивно понатамошно проширување на овластувањата на веќе добро нафатираната бирократска елита се добро познати. За овие луѓе, Македонија нема значење како земја или култура – тоа е само уште една територија што треба да се обработи, уште еден ветувачки пазар за кој се потребни табелирани Excel податоци со посакувани трошоци.
Од содржината на нацрт-документот: Како УНХЦР го избра најлошото можно сценарио (и најпрофитабилно) за да се протурка на Агендата за окупација
И покрај тоа што не е потпишан или финализиран, документот јасно ги прикажува тенденциите и начинот на кој ОН инстинктивно се справуваат со кризите. Во неа се обработуваат постоечките владини мерки и одлуки, како и предлозите и плановите на УНХЦР. И ги споредува двата пристапа кон евентуалната криза. Иако не обезбедува конкретна рамка на трошоци, со пресметување на бараниот материјал и готовина, читателот лесно може да ја разбере финансиската тежина која би го произлегла од ова посакувано сценарио на УНХЦР.
Во точка 1.2 од документот (“Планирање сценарио”), УНХЦР ги опишува очекувањата на тогашната влада за миграциската криза:
Оперативниот план на владата на ПЈР Македонија во случај на зголемен влез на мигранти содржи три сценарија:
Прво сценарио, кога постои континуиран прилив на мигранти кои остануваат во земјата за краток временски период;
Второ сценарио, кога мигрантите остануваат подолго во земјата (до 1.000) што вклучува изградба на нов приемен центар за приматели на азил со 1.000 кревети, изграден на парцела на територијата на општина Куманово во близина на автопатот ;
Трето сценарио, да се примат дополнителни 2000 лица, со што ќе се зголеми капацитетот за прием на баратели на азил на 3000 лица.
Документот започнува со нотирање на тековната ситуација на теренот, предвидување на однесувањето на владата во наредниот период и нејзините црвени линии за прием на мигранти.
Во остатокот од документот е разработено како да се надминат ограничувањата со цел да се добие посакуваниот резултат на мека окупација. За да го сторат тоа, УНХЦР (и сосема веројатно, локалните партнери кои се обидуваат да се збогатат од очекуваната финансиска можност) мораа да лажат за реалната состојба и за аналитичките веројатности.
Во извештајот, потоа, се додава политиката на владата да им дозволи на мигрантите 72 часа за транзит низ земјата и да го олеснат нивното патување, додека да обезбедат сместување во камп на строго ограничен број на мигранти. Токму тоа и се случило.
Меѓутоа, УНХЦР се потпира и на сопствена анализа, предвидувајќи евентуално затворање на српско-унгарската граница како оправдување за следното сценарио, кое тие го посакуваа, но не го добија:
“Најлошото сценарио: Границите се затворени и 30.000 бегалци остануваат во земјата, очајни да заминат. Земјата е во политичка криза, а изборите се закажани за април 2016 година. Со приближувањето на зимската сезона, многу е веројатно дека предизвиците за задоволување на потребите на бегалците ќе се зголемат “.
Со други зборови, УНХЦР работеше во создавањето на “балон од мигранти” во Македонија, со цел да стане полупротекторат. Сепак и тие, како и ЕУ и останатите кои немаа пријателски намери кон Македонија, беа надмудрени кога Македонија почна да гради ограда на грчката граница. И наместо во Македонија, мигрантскиот балон се формирал во Грција.
Планерите на УНХЦР знаеја дека направија погрешна проценка. Признаа дека “обично, планерите најчесто го избираат најлошото можно сценарио”. Но сепак ги искористија овие причини (покрај другите) да предизвикаат максимална реакција кон Македонија. Тешко е да се каже дали нивната анализа била заснована на незнаење или едноставно од алчни побуди, но на секој кој има малку знаење му е јасно дека некои од нивните заклучоци се апсурдни.
Еден пример беше наведувањето на граничните премини кои би требало да бидат надгледувани и покрај малата веројатност мигрантите да ја преминуваат границата преку легални премини. Така УНХЦР предложи:
“Дополнителни потенцијални жаришта ќе бидат границите со Албанија (регионот Дебар-Струга) и Бугарија (регион Струмица, Берово и Крива Паланка / граница). Треба да се разгледа и Косово како дополнителен транзитен пат “.
Ова, секако, ќе бара неизбежно учество на ОН во полициската контрола на сите граници на Македонија, без разлика дали мигрантите би преминувале таму (или дали ОН би сметале за потребно или дали би му било дозволено да спроведе такви дејства). Извештајот потоа прави уште една погрешна претпоставка за да дојде до вистински посакуваната точка – бројките.
“Имајќи го предвид фактот дека капацитетот на сегашниот камп е веќе исцрпен, властите треба да планираат дополнителни области за престој долж трасата на бегалците / мигрантите, доволни за задоволување на потребите на 33.000 лица”.
Како што ќе видиме, оваа убедлителна препорака беше само почетокот (и веројатно најскандалозна) од она што Агенцијата за помош на ОН бара од македонските власти.
Листа на желби на УНХЦР: улоги на граничната контрола, преселување на мигранти и многу пари
По објавувањето на сопствениот план на владата за тоа како се справила досега и како ќе се справи во иднина со кризата, во нацрт-документот на УНХЦР се додаваат многу поамбициозни планови. Колку што знаеме, Македонската јавност воопшто не беше информирана за плановите што ОН ги имаа за нивната земја во 2015 година.
Сепак, некои од овие предлози се спроведуваат во Грција и во други земји. Но, обидот макар и нешто слично на ова да се спроведе на локално ниво би било крајно опасно за македонската безбедност.
Така, во делот на документот “Изградба на прифатни центри”, УНХЦР ги набројува своите цели, дури и дава конкретни примери за тоа што е наменета за Македонија:
- Асистирање при изнајмување на простор за новодојдени мигранти
- Заштита на бегалците од бркање во изнајмените станови
- Зголемување на капацитетот на згрижувачки семејства преку материјална и друга помош
Концептот за давање на слободни станови со економски мигранти (и со “заштита од иселување” што не му е дозволено дури ни на локалното население) укажува дека ОН неслучајно сакаа да згрижуваат мигранти се додека не заврши кризата. Дополнително, тоа беше план многу повеќе сличен на неуспешниот “интегративен” експеримент на Меркел. Сепак, сонот на ОН во социјалниот инженеринг, како што е потврдено со документот, оди уште подалеку со следниот “пример”:
- Давање по 75 американски долари (еднократно) на сите новодојдени семејства на лице место откако ќе пристигнат
- Идентификување на ранливите групи на бегалци кои се изложени на ризик од иселување;
- Давање по 75 американски долари месечно на ранливите групи бегалци сместени во изнајмени станови
- Да се евидентираат згрижувачки семејства кои имаат потреба од материјална помош;
- Дистрибуција на хуманитарни пакети за згрижувачки семејства
- Новопристигнатите 50.000 мигранти (10.000 семејства) да се сместат во урбани подрачја веднаш по пристигнувањето и да им се поделат пари во кеш
- 10.000 баратели на азил од ранливи категории (2.000 семејства) да не се иселуваат од становите кои ги изнајмиле
- 5.000 згрижувачки семејства да засолнат бегалци во согласност со минималните стандарди
После ова, вие направете ја математиката.
Овие препораки ќе резултираат со најмалку два посакувани резултати – корупција и социјално нарушување, кои потоа ќе се користат за оправдување на понатамошната вклученост на ООН и натамошно профитирање од ситуацијата. Давањето на пари во кеш на десетици илјади луѓе од страна на меѓународна институција е очигледна тактика за перење на пари. Замислете само кои банкарски партнери би биле избрани за оваа операција.
Уште попроблематичен е предлогот да се даваат по 75 долари на индивидуалец/фамилија за да најде стан за изнајмување на некоја локација (пр. во Скопје). Има разлика од 75 долари кои би ги добиле во кеш до цената со која реално би се изнајмил простор за живеење и таа разлика ќе треба некој да ја надополни (од Буџетот на Македонија? Дополнителни средства од ОН? Друг извор?). Но крајната цел на ова е населување на мигранти во внатрешноста и тоа во области кои се веќе зафатени од бран на иселувања во странство и каде има постојано намалување на бројот на постојани жители. Тоа би предизвикало дополнителни проблеми во државата што би предизвикале потреба и оправдување на нов ангажман на ОН и оправдување за зголемено присуство во Македонија и пресликување на бизнис моделот кој го имаа на Косово во изминатиот период.
Најшокантен дел од планот на ОН е последната сугестија која препорачува мигрантите да се згрижуваат во „згрижувачки семејства“. Во конзервативно општество кое почива на темелот на семејните вредности, какво што е Македонското, отворањето на домот за економски мигранти од Третиот свет би одело навистина тешко. Ова покажува две работи: прво, колку радикално левичарска станала ОН и колку лекомислено се впуштаат во реализирање на нешто непознато во „експериментални“ држави како Македонија.
33.000 мигранти во кампови, 33.000 душеци, и Господ-знае-уште-колку материјал да се набави
Заедно со плановите за социјални нарушувања, УНХЦР ги предвидува и стандардните „meat-and-potatoes“ кампови.
Во хуманитарните операции, ова е местото каде што постои најголема можност за перење пари и корпоративни профити. Наведено е сè, од пакетите на храна до индустриските грејачи. Тоа го потврдува она што од УНХЦР го изјавија за Balkanalysis во есента 2015 година, по неуспешниот план за масовна изградба на кампови. Според тоа, се препорачува:
- Владата да најде, во координација со УНХЦР соодветна локација (и) за сместување на 33.000 луѓе (ако е можно, на локацијата да има веќе изградена зграда за да се избегне привремено засолниште)
Заедно со оваа препорака, нацрт-документот фино пресметува сè што треба да се купи, и во колкави количини, за период од само четири месеци. Премолченото очекување, секако, ќе биде за подолга и попродуктивна мисија. Вклучените сектори покриваат сè од изградба, водовоснабдување и транспортот на храна и лекови. Таквата операција, секако, ќе се потпира на постоечките врски што ОН ги има во сите сектори меѓу глобалните корпорации кои се вклучени во миграцискиот бизнис.
Заклучок: Дали минатото ќе ја покаже иднината?
Документот на УНХЦР оди дотаму што идентификува и многу други потреби за во иднина (комуникации, преведувачи, родова чувствителност, неделни состаноци и сл.). Во текстот, ОН укажува дека таа и дава еднаква или сродна улога со владата и армијата. Доколку таквата операција е дозволена, ОН многу брзо ќе ја претвори Македонија во ново Косово.
Таквиот исход би бил многу посакуван не само за ОН и нејзината генерално експанзионистичка и криминална мисија. Тоа исто така би било многу посакувано и за Грција, со оглед на тековниот спор околу прашањето за името, и би претставувало олеснување за европските земји на север, кои самите не успеаја да ја решат кризата која нивните лидери намерно ја создадоа.
Речиси три години подоцна, Македонија сè уште преживува, иако едвај, како суверена држава. Но, што е уште поважно, таа останува безбедна и не нарушена од општествените немири кои ја придружуваа масовната миграција. Сепак, населението беше измалтретирано и поделено со политичката криза, а темпото на економски раст стагнираше под компромитираната левичарска влада. Во однос на евентуалните очекувања за членство, ЕУ сега ја става Македонија во иста кошница како Албанија. И како што продолжуваат со поголема жестина преговорите за името, на Македонците со секој нов ден се’ повеќе им се заканува промена на името и идентитетот во замена за членство во меѓународни организации кое нема да го дочекаат. Националното понижување е речиси комплетно.
Додека ваквите ситуации насекаде во светот би предизвикале некаков бунт, Македонија не е она што некогаш беше. И нема знаци дека секоја партија или лидер ќе се појави за да го врати оптимизмот, достоинството или желбата за самоопределување. Како што е модерен тренд во “водечките” европски земји денес, духот на национално самоубиство се толерира, ако не и се прифаќа со истиот ентузијазам, како и во европските земји на север.
На крајот, веројатно е дека ако се појави нова мигрантска криза, “решенијата” на УНХЦР од 2015 година ќе бидат преиспитани и ќе имаат повеќе од официјална поддршка. Освртот на овој напис на документација на УНХЦР може да се користи за подобро разбирање на импулсите и оперативната процедура на глобалистичката машина која би сакала да го преземе светот, искористувајќи една криза во исто време.
Извор: Кичево.мк