Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Британскиот свештеник со американско потекло, Џејмс Мередит Деј, кој учествувал во оргии, посетувал геј сауни и собирал „перверзни порнографски материјали“ е исфрлен од црквата откако детали од неговиот двоен живот неговата сопруга ги раскажа пред црковниот суд.
„Свештеникот се однесувал разуздано и девијантно, а со тоа го нарушил угледот на црквата. Поради тоа, доживотно му е забрането да се занимава со свештеничката служба“, се наведува во известувањето од англиската црква, пренесува Daily Mail.
Неговата сопруга Бирт Деј (од која е разделе), пред црковниот суд во Лондон сведочела за валканите тајни на Џејмс, а доказите за неговиот двоен живот ги собирала со години. „Џејмс користеше лажен идентитет за да запознава мажи и жени со кои подоцна стапуваше во сексуални односи. Исто така, во својот компјутер чуваше обемна порнографска содржина, поточно порно филмови преполни со настрани сцени: оргии, мачење, садо мазо, мачење на млади момчиња и слично“, изјави Бирт.
Во животот на нејзиниот сопруг биле важни само две работ – Бог и секс. „И мене ме малтретираше, ме давеше, ме гризеше и плукаш кога ќе носев некое пократко здолниште пред градежните работници“, открива таа пред црковниот суд. Судот донесе пресуда дека однесувањето на свештеникот не е криминален чин, но заклучено е дека со тоа тој нанел голема штета на угледот од црквата, поради што беше експресно расчинет.