Проститутка од бордел на бивш детектив: „Дневно имам 9 клиенти и поразличен секс од оној со дечкото“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британската проститутка во разговор со познатата ВВС новинарка отворено проговори за тоа како е да се работи во еден од илегалните бордели во Британија.

Луси работи во бордел кој го води бившиот полициски детектив Карл. Објектот има само две спални соби и е сместен на југоистокот од Англија. Новинарката од ВВС, Викторија Дербшир, доби ексклузивен пристап во борделот, во кој сними краток документарец.

Девет клиенти дневно

Од снимката се гледа дека станува збор за професионален бизнис со рецепција и сметководство. Иако проституцијата во Велика Британија не е сосема илегална, многу активности поврзани со истата уште се под забрана, а една од нив е и водење бордел.

Сепак, 45-годишниот сопственик Карл тврди дека локалните власти се целосно запознати во сите детали поврзани со неговиот бизнис.

„Постојат навистина негативни стереотипи според кои сите проститутки се дрогираат и работат под принуда. Јас вистински уживам во мојата работа и никогаш не би го работела ова да не уживав“, раскажува Луси, која има и по 8-9 клиенти дневно. Претходно работела по нарачка, што вклучувало и состаноци на локации кои ги одредувале клиентите. Но, поради лична безбедност, продолжила да работи во бордел, каде има контрола над локацијата.

Борделот од Карл е чист и уреден, вели Луси, а сите клиенти се проверуваат при влегувањето во истиот. Може да се резервира термин на 30, 45 или 60 минути. Половина час чини 70 фунти, од кои 45 зема проститутката, а 25 останува во борделот. Моментално се вработени три жени во овој бордел.

„Сексот овде е од трансакциска природа и тоа е мојата работа. Тоа не е како секс со дечкото или сопругот, туку исклучиво бизнис. Го работам ова бидејќи сакам добро да заработувам. На младите жени им е тешко да заработат добра плата, а јас сакам да бидам финансиски обезбедена и независна“, признава Луси.

Рецепционерката ги закажува состаноците и го организира сексот во двете расположливи соби. Со големо внимание ги уредува времето на доаѓање и заминување, со цел да спречи разминување на клиентите. Жените имаат пристап до кујна, во која има влажни марамчиња, масло и еднократни вреќи за искористени кондоми. И вработените и клиентите смеат да користат туш и чисти крпи.

Карл објаснува дека клиентелата прилично се променила во последниве 15 години, откако го води тој бизнис. „Пред тоа главно имало клиенти од 40 и повеќе години, што било и очекувано. Сега веќе нема правила. Тие можат да имаат и 18, но и 80 години“, вели тој.

Во неговиот бордел не се дозволени дрога и алкохол, а ако се востанови дека е внесено нешто такво, веднаш се вика полиција. Но, како што вели газдата, клиентите ги почитуваат неговите одредби и само два пати морал да интервенира поради сомнеж дека неговите вработени се загрозени.