Прошетка тешка стотици милиони долари: Каква екипа се рашета низ Лондон (снимка)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Тениските легенди од планетарен ков Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Енди Мареј и остатокот од моќниот тим на „Тим Европа“ се прошетаа низ Лондон пред почетокот на Лејвер купот 2022.

Оправдано отсуствуваше само трофејниот Шпанец, Рафаел Надал кој денеска ќе им се придружи на своите колеги и пријатели. Очекувано многу медиуми го следеа секој потег на тениските ѕвезди.

Во еден момент,Енди Мареј како своевиден домаќин се обиде да ги запознае своите соиграчи и пријатели со знаменитостите на англиската престолнина, но се покажа дека легендарниот Швајцарец Роџер Федерер ги знае подобро некои места во Лондон од „домаќинот“ Шкотланѓанец Мареј.

– Која е оваа зграда? – праша Мареј во еден момент еден од организаторите, но тој доби лежерен одговор од Федерер кој му кажа дека тоа е зградата Шард.

– О, тоа е Шард? Што се случи со оваа зграда? – рече Енди и запре зачудено да ја погледне зградата.

– Таа отсекогаш била таква. Изгледа како скршено стакло. Но, тоа е Лондон, тоа го знаеме – изјавил Роџер со рацете во џебот.

Во разговорот Роџер, Енди се вклучил и Новак Ѓоковиќ кој исто така со љубопитност ја набљудувал зградата.

– Енди, Роџер ти држи лекции за Лондон – Ѓоковиќ ја искористи приликата да го „пецне“ својот стар ривал и пријател.