Просечната априлска нето-плата во Македонија била 25.830 денари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според статистичките податоци од извештајот на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 104,2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите образование (12 %), други услужни дејности (6,9 %) и дејности на здравствена и социјална заштита (6,4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9 %), стручни, научни и технички дејности (6,9 %) и транспорт и складирање (6,6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2020 година, изнесува 25.830 денари. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2020 година, изнесува 38.567 денари.