Пропандаа преговорите меѓу Барса и ПСЖ, сега на потег е Реал


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Преговорите меѓу Барселона и ПСЖ за трансфер на Нејмар пропаднаа, тврди „Мундо Депортиво“, кој е секогаш добро информиран за случувањата во каталонскиот клуб.

Весникот тврди дека ПСЖ ја одбил и последната понуда на Барселона која вклучувала 135 милиони евра, плус Ракитиќ и Тодибо, како и едногодишна позајмица на Осман Дембеле.

Парижаните ја одбиле понудата бидејќи сакаат да ги вратат вложените пари во Бразилецот, па би го пуштиле Нејмар само за сума приближна до 200 милиони евра.

Барселона понудила банкарски гаранции, но сакала во договорот да нема никакви бонуси и клаузули, па преговорите помеѓу двата клуба дефинитивно пропаднаа.

Сега на потег е Реал Мадрид, односно нивниот претседател Флорентино Перез. „Кралевите“ ќе се обидат да го донесат Нејмар така што во Париз ќе го испратат Винисиус и пари.

Остануваат само уште неколку дена до затворање на преодниот рок, па останува да видиме дали Реал ќе успее во намерата.