Спорт

Пронајдено тело во исчезнатиот авион на Сала

После една недела потрага синоќа конечно беше пронајден авионот со кој леташе фудбалерот Емилијано Сала, а денес пристигнуваат информации дека во остатоците од евионот пронајдено е и едно безживотно тело.

Се уште не е јасно дали телото е на Сала или пак на пилотот Дејв Иботсон, пренесува „Би-Би-Си“.

Сега се потврдуваат црните прогнози дека никој не ја преживеал несреќата.

„За жал, во видеото од машината кое се спушти на дното се гледа тело на човек меѓу остатоците од авионот. Одделот за следење на воздушните инциденти сега ќе ги преземе следните чекори во консултација со семејствата“, објавија британските власти.

Advertisements
To Top