Пронајдено мртво едногодишно бебе во с.Кленоец


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во куќа на жител од кичевското с.Кленоец пронајдено е мртво неговото едногодишно бебе, соопшти денеска полицијата.

„Бебето било голо од половина нагоре со видливи повреди на долниот дел од грбот и со траги на крв од устата и ушите„,информираат од полицијата.

Случајот вчера во 22:45 часот во полиција го пријавил доктор од Медицинскиот центар во Кичево.

По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција и првичните резултати укажуваат дека кај бебето, кое имало вродени срцеви аномалии, настанал застој на работата на срцето, што предизвикало белодробен едем и задушување.

„На телото не се пронајдени знаци кои укажуваат на насилна смрт, велат од Основното јавно обвинителство„