Пронајдено изгубено интервју: Дали овој е Banksy?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ТВ прилог направен во 2003 година кој деновиве го најде својот пат до интернет просторот содржи разговор со личност која за себе тврди дека е мистериозниот уметник Banksy планетарно познат по своите неверојатно добри и суштински импресивни графити.

Прилогот кој за ITV News своевремено го направи новинарот Хејг Гордон прикажува изложба на графити од уметникот кој се потпишува како Тарф Вор (Turf War), а еден од соговорниците во прилогот наводно е Бенкси (Banksy). За време на прилогот, типот со помош на шаблон остава траги од инсекти, а подоцна црта и бебе со цитат „Kill More“.

Интересно е што токму овие два мотиви уште одамна му се припишуваат токму на Бенкси.

Во двоминутниот прилог разговорот со наводниот Бенкси трае 35 секунди. Иако долниот дел од неговото лице не се гледа, очите и тоа како се изразени заедно со цртите од горниот дел од лицето. Исто така, јасно се слуша и неговиот акцет на изговор.

„Маскиран сум бидејќи не можеш да бидеш графити уметник и јавна личност. Тие две нешта не одат заедно“, вели типот потпишан како Банкси.

16 години подоцна, новинарот кој разговараше со овој мистериозен лик по чиј идентитет и изглед трага цела армија вљубеници во креативните графити, не може да се сети како изгледал типот.

„Го видов неговото лице, но не можам да се сетам како изгледаше. Зарем тоа не е тажно“, вели Гордон.

Тој се потсетува дека се пошегувал со наводниот Бенкси бидејќи му предложил за време на интервјуто да ја тргне маицата со која го покривал својот лик.

Портпаролот на Бенкси одби да го коментира видеото.

Светот го запозна и оттогаш го обожава Бенкси како мистериозен уметник кој своите графити ги остава речиси на сите страни од светот. Неговите цртежи се главно со политичка и општествена позадина и често го отсликуваат ставот на широките народни маси, спротивен на востановениот политички став или општествени норми.