Home Актуелно Пронајдени осум мртви лица во камион во Тексас

Пронајдени осум мртви лица во камион во Тексас

На паркинг пред продавницата „Волмарт“ во Сан Антонио, Тексас, најден е камион со приколка во која се наоѓале осум безживотни тела, меѓу кои две детски, пренесуваат американските медиуми.

Возачот на камионот е веднаш уапсен, а неговото име не е соопштено. Во приколката се наоѓале 38 луѓе, а 20 се наоѓаат во тешка состојба.

Шефот на полицијата во Сан Антониот, Вилијам Мекманус, изјави дека ги пронашле телата откако еден од вработените во продавницата повикал полиција. Човекот кој повикал полиција, рекол дека некој од камионот му побарал вода.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…