Пронајдени остатоците од „Цесната“ што се урна кај Солунска Глава (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во најновата изјава од МВР, надлежните служби информираат дека остатоците од приватниот авион „цесна“ кој вчера се урна во близина на врвот Солунска Глава се пронајдени, а четворицата патници кои патуваа со леталото се починати.

Припадниците на МВР, вчера околу 19 часот, ги лоцираа остатоците од авионот на локација на околу пет километри северозападно од Солунска глава.

Во несреќата загинааБошнаков Ангелов Георги (1970), сопственик на авионот, неговите ќерки Бошнакова Георгиева Гергана (2005), Бошнакова Георгиева Билјана (2000) и неговата сопруга Корнајева Цонева Калина (1972), сите од Република Бугарија. Како што рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски, според презимињата станува збор за семејство.

Тој не сакаше да ги коментира шпекулациите во бугарската јавност дека пилотот во еден момент побарал да слета во Скопје, но наводно не му било дозволено поради посетата на грчкиот премиер. Ангеловски рече за овие информации надлежна е навигацијата. Тој исто така не коментираше ниту за првичните сознанија за причините за несреќата, упатувајќи на ЈО и на Комисијата кои ја спроведуваат истрагата.

Министерството за внатрешни работи изразува сочувство до роднините на починатите и до сите граѓани на Република Бугарија. Службите на МВР, Институтот за судска медицина и Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти вршат увид под раководство на јавен обвинител.

Кои се можните причини за несреќата?

Главниот асистент за безбедносна авијација од Техничкиот универзитет во Бугарија Марин Петров за бугарските медиуми рекол дека дека при авионски несреќи ниту една верзија за причините за трагедијата не е исклучена.

„Забрането е да се влезе во такви облаци во овој тип на авиони и облаци кои имаат силна турбуленција со големи нагорни и надолни струи, што е исклучително опасно, бидејќи протокот е толку голем што може да доведе до колапс на авион и уништување во воздухот„ објаснува Петров.

Тој објаснува дека според правилата на ГД ГВА Георги Бошнаков имал аматерска лиценца да пилотира со мали авиони, која му дозволувала да го превезува семејството, а соодветна лицена се добива по курс од неколку месеци, кој вклучува 140 часа теорија и 40 часа пракса.

Бугарскиот експерт за воздухопловство, Ангел Борисов, вели дека теренот каде паднал авионот е опасен, поради серијата на врвови. Во ваков случај, додава, пилотот не смеел да отстапува од патот.

-Пилотска грешка може да е причина за инцидентот. Пилотот прво побарал да слета во Скопје, а потоа заминал за Софија. Друга веројатност може да бидат откажување на моторот – вели тој и додава дека пилотот најверојатно ја потценил ситуацијата.

Извор: Нова ТВ