Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во водите околу Гренланд е пронајдена ајкула чија старост се проценува помеѓу 272 и 512 години.
Тоа значи дека има веројатност на свет да дошла во далечниот 16-ти век, а да е генерациски блиска со Шекспир и компанија од тоа време.
Оваа ајкула веројатно е најстариот ’рбетник на планетата. Припаѓа на видот гренландски ајкули кои се познати по долгиот век на живеење. Староста им се одредува според должината.
Овие видови на ајкули годишно растат по еден сантиметар. Староста на овој примерок е објавена во списанието Science, а ова е најстар примерок од 28 ајкули кои ги проучувале научниците.