Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако после 21 година потрага, колку што беше загубена, и беше пронајдена скриена во еден стан во Холандија, круната на царевите на Етиопија ќе биде вратена во земјата.
Сирак Асфав, кој избега во Холандија кон крајот на 70-тите години пред политичката репресија на комунистичката влада во Етиопија, ја пронајде круната во оваа земја и сфати дека е украдена.
Поранешниот етиопски бегалец им помагал на Етиопјаните кои ја напуштиле земјата и отседнувале во неговиот стан во Ротердам во осумдесеттите и 90-тите години. Еден од луѓето , кој бил сместен во неговиот стан во 1998 година, ја носел круната во торба. Сирак му рекол дека круната ќе остане кај него се додека стане безбедно за да се врати дома.
На круната се врежани Исус Христос, Бог и Светиот Дух, како и апостолите на Христа, а веројатно моќниот водач Велде Селасие и ја донирал на црквата пред стотици години.
„Конечно е вистинско време да им се врати круната на нејзините сопственици, а сопствениците на круната се сите Етиопјани“, рече тој за Би-Би-Си.
По завршувањето на поранешниот режим во Етиопија и Аби Ахмед беше избран за премиер минатата година, Сирак одлучи дека е вистинско време да се врати дел од етиопската историја во Адис Абеба.
Тој стапил во контакт со Артур Бренд, познат како „Индијана Џонс од светот на уметноста“ и побарал помош од него за да ја донесе круната дома.
Во согласност со холандската полиција, артефактот бил чуван на безбедно место, а експертот потврдил дека тоа е оригиналот. Сега се очекува етиопската влада да контактира со холандските власти со цел да го испланираат враќањето на круната.