Advertisements
Актуелно

Промоција на монографијата „Танец – душата на Македонија“

Со промоција на монографијата „Танец – Душата на Македонија“ кое се случи денеска во Музејот на македонската борба се заокружи прославата на 65 години од постоењето на најзначајната национална установа во Македонија која го негува македоснкиот фолклор.

Автори на монографијата се професорите Родна Величковска и Марко Китевски. Таа се издава повод 65-годишнината од постоењето на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.

На 200 страници луксузно издание се помесетни фотографии, текстови, извадоци од рецензии, награди, признанија, гостувања на Ансамблот, антологиски избор на носии, настапи на „Танец“ во странство…

– Оваа книга ја испишаа вработените во „Танец“. Ние само тоа го ставивме на хартија. Ним им припаѓа славата. Во моногафијата се поместени сите важни датуми, настани повразни со овој Ансамбл. Има избор на носии стари и повеќе од 100 години. „Танец“ бил присутен секаде каде што требало да се покаже македонскиот фолклор и музика. Тој е најдобриот амбасадор на македонската култура. Ние имаме фолклор од кој се одушевуваат сите. Уште на првото гостување во странство тој доби прва награда. Познатиот американски писател од македонско потекло, Стојан Христов, изјавил дека вреди едно патување од САД до Македонија само да се види „Танец“ – изјави авторот Китевски.

Сегашни и поранешни членови на „Танец“, директори, претставници на Македонската православна црква, етнолози, историчари беа присутни на промоцијата на монографијата.

– Во монографијата се поместени 54 антологиски ора кои ги изведувал „Танец“ од основањто до денес. За секое од нив има опис на кореографската поставка, потоа за авторот на музиката, носиите – објаснува авторката Величковска.

Меѓу присутните беше и 95 годишниот доајен на „Танец“ Станко Ливрински. Тој работел во „Танец“ од 1960, па се до пензионирањето, во 1978 година. Дедо Станко раскажуваше за гостувањата на Ансаблот.

– Гостувавме на четири континенти, посетивме точно 400 градови – рече дедо Станко и почна во еден здив да ги набројува сите градови каде што гостувале тој и неговите другари. На двапати доби аплауз додека набројуваше, но тој не се откажа, продолжи прецизно и таксативно да ги набројува сите 400 града каде што гостувал „Танец“ во негово време.

Настапот на дедо Станко го поттикна директорот на „Танец“ Зоран Џорлев да ги потести и да ги замоли сите што се на некој начин поврзани со оваа национална установа да дадат свој придонес во архивирањето на настапите на „Танец“.

– Не одбивајте да ве снимаме. Сето тоа што имате да го кажете, ќе остане забележано и ќе влезе во архивата и во аналите на „Танец“ – рече Џорлев.

(Извор: Република)

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top