Промоција на конференција во Лондон: Македонија е атракција за активен туризам


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со број 19 денес во Лондон, во конференцискиот центар Олимпиа, Македонија се претставува на Конференцијата за Активен туризам и бизнис, со понудата којашто ја подготви посебно за овој настан-Агенцијата за Промоција и поддршка на туризам на Република Македонија.

На конференцијата се присутни околу 200 учесници: излагачи, туроператори и медиуми кои ги дискутираат предизвиците и трендовите на оваа брзо растечка гранка на туризам.

Активниот туризам во Македонија станува се поатрактивен и поексплоатиран, особено по регионалната Конференција која во мај се одржа во Охрид, каде 300 делегати имаа можност да се запознаат со убавините на Македонија.

На штандот со број 19 денес се презентираат покрај веќе добро познатите, и нови производи на чии проекти Агенцијата работи во соработка со Асоцијациите и федерацијата за планинарски и вело спортови, како и други засегнати страни од македонското стопанство, а тоа се планинарските велосипедски патеки и Европската пешачка патека во источниот дел на Македонија.

Промоцијата на Европската пешачка патека побуди голем интерес кај голем дел од присутните. Секако, винскиот пат и ено културата е неизбежен дел на понудата и овојпат, a дополнителна посета најави еден од најпознатите туроператори за организирање патувања на туристи 50+ во Македонија. Посета ќе биде организирана и за специјализираната компанија за див живот, која ќе ја понуди Македонија како нова дестинација за набљудување птици.

Интерес за состаноци со претставниците на АППТРМ покажаа 13 Британски туроператори кои ќе ја вклучат Македонија во своите програми веќе од летото 2017.

Особено значајно е што на средбите дојдоа туроператори кои изразија интерес во Македонија да носат туристи директно, во непосреден контакт со македонски ДМЦ агенти,а не со посредство на агенции од соседството како што беше случај до сега. Фактот дека Лондон и Скопје се директно поврзани градови со летовите на Визз Аир е од особено значење за овој вид на туризам, изјави Лела Крстевска, Директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам.

Стана збор и за обуки за македонски агенции и стопанственици од браншата, со помош на експертизата на Британски туроператор со искуство од повеќе од 30 години, програма која ќе се одвива во 3 годишен период.