Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Третиот мартовски ден во Македонија носи променливо облачно време со засилен ветер кој ќе дува претежно од југоисточен правец, особено во источните делови.
Попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 19 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид 14, Битола и Крива Паланка 17, Берово 16, Кавадарци 20, Дојран 21.
За утре прогнозата е облачно со врнежи од дожд, на места ќе бидат пообилни, проследени со засилен јужен ветер и локална појава на грмежи. Дневните температури ќе се движат од 10 до 16 степени.