Променливо облачно и дождливо време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, во Македонија, времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови.

Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната температура од девет до 23 степени.

Во Скопје ќе биде ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 19 Целзиусови степени.

Максималните дневни температури ќе бидат во Маврово 10 степени, Пхрид 15, Битола 17, Кавадарци 21, Крива Паланка 16, Берово 15, Дојран 23 степени.

Продолжува периодот на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат од петок попладне, во текот на ноќта и во сабота, кога ќе има пад на дневната температура.