Променливо облачна среда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне во јужните делови со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Попладне и до крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе има сончеви периоди. Минималните дневни температури ќе се движат од од 9 до 17 степени, а максималните од 23 до 30 степени Целзиусови.

Во Скопје малку до умерено облачно со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата од 15 до 30 степени.

Од утре до почетокот на викендот ќе преовладува сончево време, а температурите ќе бидат во пораст, но преку денот нема да е особено топло. Најсвежо наутро ќе биде во четврток и петок.