Home Актуелно Променливо облачна недела

Променливо облачна недела

Денеска, недела, 13-ти ден од месец февруари, времето во Македонија прeтпладне ќе биде облачно, а на југоистокот на места со слаб дожд. Попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд ќе има во западните делови.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје претпладне исто така облачно време, а попладне со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Следува период на променливо облачно време, во среда со слаб локален дожд. Кон крајот на работната седмица дневната температура ќе биде во позначителен пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…