Променливо облачен вторник со повремени врнежи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 10 до 22 степена.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 11 и дневна до 18 степени.

Во среда претпладне на запад се уште ќе има услови за локален дожд, а од четврток времето ќе биде стабилно со умерен јужен ветер и со значителен пораст на температурата.