Променливо облачен четврток со попладневен дожд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Временската прогноза за денес најавува променливо облачно време со сончеви периоди, попладне на места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 30 степени.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 27 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 23, Битола 26, Кавадарци 30,Берово и Крива Паланка 23, Дојран 30 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер со променлив правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 28, Маврово 25, Охрид 23, Битола 28, Кавадарци 32, Крива Паланка 23, Берово 25, Дојран 33 степени.